Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија

Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
-Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. Да, еве јас за почеток за да има дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот за да останам на монолог, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам, изјави претседателката Сиљановска Давкова.
Македонската делегација предводена од претседателката, како што кажа таа, ги изложила нашите позиции и видувања и особено ја потенцирала обврската на сите членки на Советот на Европа, кои се и членки на ЕУ да ги почитуваат пресудите на Судот во Стразбур бидејќи пресудите важат за сите и сите членки на Советот на Европа имаат судии во Судот во Стразбур.
Сиљановска Давкова рече дека исто така било посочено оти претставници на двете земји треба почесто да се среќаваат и да разговараат, колку тоа и некогаш да изгледа дека нема да вложи со резултат.
По завршувањето на официјалната прес-конференција и предавањето на претседавањето од Бугарија на Романија, бугарските медиуми побараа изјава од македонската претседателка. Сиљановска Давкова на нивните бројни прашања поврзани со уставните измени одговараше на англиски јазик објаснувајќи дека таа не е монарх да одлучува за тоа, но исто така укажа на уставните заложби за почитување на човековите права, што не е случај во Бугарија.
MIA
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
