Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија

Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова.
Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Сител посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број регистрирани Македонци како кај нас Бугари. Мене ме чуди, посочи таа, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто.
Таа нагласи дека зборува за бројка од 1.350, оти, подвлече, „она врзано со чувствата не го разбира“. - Правнички можете да стекнете државјанство само на три начини: преку родители, преку раѓање или со натурализација“ . Четвртиот, бугарскиот, е непознат. Бидејќи тоа значи да изразите на лист хартија чувства дека не само вие имате бугарски чувства, туку и вашите имале. Значи, државјанство преку родители може да добиете ако вашиот родител бил државјанин на Бугарија или ако живеел и се родил во Бугарија. Е како сега таа бројка од која секогаш се шокираат Европјаните, бидејќи велат дека влегуваат илегално луѓе или преку вакви државјанства, не е зачудена, рече Сиљановска Давкова.
Многу чудно е, дополни таа, што во одговорот на Комитетот за министри, којшто бара од Бугарија признавање на тој факт од 1.320 мислам беше, иако јасно ни е дека таа бројка е фиктивна, дека далеку повеќе има, одговараат бугарската министерка, претседател, премиер дека бројот е занемарлив и апсолутно нема потреба од вклучување на Македонците во телото за заштита на малцинствата, ниту пак од уживање на статусот којшто го имаат останатите. И па сега мене ме чуди, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто. Згора, колку е логично некој да вели дека вие не постоите, не ве признава, онаа теза што ја слушам дека „јазикот е признат“. Не е точно дека е признат. Во секој документ стои под фуснота дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, рече шефицата на државата.
Според неа, македонски граѓани бараат пасоши и во други држави, не се откажуваат од македонското државјанство, секогаш првото е примарно, туку одат од економски причини. За тоа што голем број македонски граѓани имаат бугарски пасоши, вели дека вина имаме како држава.
- Да, имаме вина. Јас на нашите научници, професори, студенти во Словенија им се извинив што не ги сме ги препознале нивните квалитети, а Словенија тоа го сторила и станала нивна втора држава, како што викам јас. Голема одговорност имаме и сериозно треба да размислиме за најдобрите, најевропските, оти тие се секаде посакувани, а најмногу во соседството, рече Сиљановска Давкова.
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
