Сиљановска-Давкова - Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион - нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во официјална посета на земјата.
- Во овој момент, затоа е и генералниот секретар на НАТО тука, неопходно е во рамките на НАТО да се надминуваат разликите или да се усогласуваат разликите за да се обезбеди кохезија врз основа на заедничките вредности и принципи врз кое е втемелено НАТО - потенцира претседателката Сиљановска-Давкова.
Таа изрази уверување дека НАТО не е само воен сојуз, туку задница на споделена одговорност, но и најважно - на заедничка виизја и ние продолжуваме да бидеме одговорна членка на алијансата.
- Како кредибилен сојузник, ние го спроведуваме планот на инвестиции во одбраната. Потенцирам дека не се во прашање проценти и бројки, туку инвестиција во заедничката одбрана и безбедност. Активно придонесуваме кон одбранбената позиција на НАТО и со тоа демонстрираме дека безбедноста е заедничка одговорност - рече претседателката.
Сиљановска-Давкова истакна дека најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ и поради тоа, како што рече, очекува на претстојниот самит на НАТО во Анкара особено внимание да биде посветено на безбедносната состојба на Западен Балкан со оглед на актуелните предизвици.
- Мора да ставиме крај на вештачките причини и причините од идентитетски карактер за членство во ЕУ и да се фокусираме на Копенхашките критериуми. Најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина, е нашето членство и членството на Западен Балкан во ЕУ - нагласи претседателката.
Марк Руте истакна дека Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на источната страна на алијансата.
- Северна Македонија дава повеќе од 2 процента за одбраната од својот БДП, ова е огромен напредок и земјата дава свои заложби за да се постигне до 5 проценти како што беше ветено. Мораме да ги зголемиме придонесите кон одбраната и целосно да ги опремиме активностите на НАТО, сакам да ја поздравам поддршката на Северна Македонија за Украина - рече Руте.
Тој истакна дека мора да соработуваме за да ја поддржиме нашата заедничка безбедност и Северна Македонија игра значајна улога во заштитатат на безбедноста на Западен Балкан.
- Нашата посветеност кон регионалната стабилност е јасна, нема да дзволиме да се појави безбедносен вакуум. НАТО се посветува кон заштита на сите свои сојузници, од каде што и да доаѓаат предизвиците. Знам дека можеме да сметаме на Северна Македонија да го одигра својот дел - потенцира Руте на заедничката прес-конференција со Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
