Силувал 17 деца преку интернет: Ги терал на секс пред камера, па се заканувал дека ќе ги објави снимките и дека ќе им ги убие родителите!

Бјорн Самстром од Шведска осуден е за "силување" преку интернет откако присилил тинејџери од Канада, Британија и САД на сексуални активности пред веб камера, а неговиот адвокат изјавил дека тој ќе поднесе жалба на пресудата бидејќи смета дека е некоректна.
Судот Самстром (41) вчера го прогласил за виновен за онлајн сексуални престапки над 27 деца, извршени меѓу 2015. и почетокот на 2017. година, при што се заканувал дека нивните фотографии ќе ги објави на порнографски сајтови и дека ќе ги убие членовите на нивните семејства доколку не изведуваат сексуални активности пред веб камера, пренесува АП.
Самстром признал дека контактирал деца, но тврди дека не може да се сети дека од нив барал сексуални чинови пред веб камера.
Инаку оваа пресуда е прва од ваков тип во Шведска, пишува американската агенција.
Ново на Сител
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
