Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
Минималната кошничка за прв пат по подолг период е намалена за над 400 денари. Според пресметките на синдикатот, на едно четиричлено семејство месецов му се потребни 65,077 денари или 430 денари помалку од август.
Најголемо намалување изминатиот месец има кај цените на храната и пијалоците од 670 денари. Сепак ова е ставка на која семејствата трошат најмногу пари, па месечно за храна им се потребни речеиси 23.400 денари. Од ССМ го поздравуваат падот на кошничката, но велат дека е минимален.
Месецов и државната статистика пресмета годишна инфлација од 4,4%, но стабилизација на цените на месечно ниво. Базичната инфлација во минус според премиерот Мицкоски даваат надеж за стабилизација на цените на прозиводите, токму затоа планот на Владата засега е да води внимателна макроекономска политика, наместо мерки за замрзнување на цените и маржите.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар