Синдикатот на Еурокомпозит бара да се реши технолошкиот вишок
Вработените во прилепски Еурокомпозит се закануваат со нови протести пред Влада доколку не се реши проблемот со технолошкиот вишок на околу 130 вработени. Велат дека состојбата во фирмата постојано се влошувала, скоро и да немале повеќе работа, а сметаат дека ништо не се превзема компанијата да се продаде на странски инвеститор до почетокот на октовмри како што им беше ветувано.
„Ние имаме неколку писма пратено до Владата, бараме одговор што се случува и дали се работи. Тие секогаш ни кажуваат дека се работи на тоа, но сите знаат дека за технолошки вишок не може да се замине преку ноќ, туку тоа е процедура од два до три месеци. Значи досега тие ако ја почнаа таа процедура, луѓето ќе си заминеа и ќе чекавме само да влезат во законот“, рече Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.
Во Еурокомпозит моментално има 260 вработени. Според СИЕР впечатокот бил дека компанијата била повторно оставена сама на себе и никој не им кажувал што точно се случува. Ништо не било тргнато од мртва точка од последните ветувања на Владата.
„Фирмата нема ни работа, нема ни пари, нема ништо, така да абсурдно е да се разговара за технолошки вишок доколку не се обезбедат пари од газдата, практично од државата која што е сопственик на фирмата“, вели Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.
Вработените велат дека се чувствуваат измамени од државата по кој знае кој пат. Се жалат и на тоа дека Одборот на директори не сакал да се сретне со нив.
„Од 260 одговорно тврдам дека од 100 повеќе никој не работи. Сите другите се режиски работници и тоа го предлагаме две-три години како синдикална организација, досега проблемот ќе беше решен, но никој не сака да не слушни“, истакна Цветан Бунтески, член на синдикален одбор.
Вработените велат дека повеќе немало да има отстапки од нивните барања и бараат крајно решение на проблемот.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
