-->
-->
Сирени се огласија во воздухопловната база Инџирлик, во Турција, што ја користи НАТО
-->

Сирени се огласија рано утринава во воздухопловната база Инџирлик, која ја користи НАТО, во покраината Адана во југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија.
Агенцијата не го прецизираше времето на инцидентот и не беа објавени други детали.
Според други турски медиуми, сирените се огласија во Адана околу 3:25 часот утрово и траеја пет минути.
Американските сили се стационирани во воздухопловната база Инџирлик како дел од мисијата на НАТО.
Од почетокот на конфликтот во Блискиот Исток во турскиот воздушен простор се уништени две ракети. Конфликтот започна на 28 февруари со воздушни напади на САД и Израел врз Иран.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
