Сирија ја отфрли можноста за воена интервенција против Хезболах во Либан и покрај повиците на Трамп

Шефот на сириската дипломатија, Асад ал-Шаибани, вчера од Бејрут изјави дека неговата земја „нема намера“ воено да интервенира во Либан против проиранскиот Хезболах, и покрај повторените повици од американскиот претседател да го стори тоа.
За време на посетата на Либан, сирискиот министер се сретна со бројни политички и религиозни лидери, вклучувајќи го и претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, сојузник на Хезболах.
Откако дојдоа на власт во декември 2024 година, по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, сириските лидери изјавија дека сакаат да свртат нова страница со соседен Либан, кој страдаше под хегемонијата на кланот Асад.
Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара на крајот на јуни потврди дека нема намера да интервенира и да отвора стари рани.
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Сирија може да „се справи со Хезболах“ во Либан, критикувајќи ја стратегијата на Израел во војната против вооружената група финансирана од Техеран.
Асад ал-Шајбани го увери либанскиот претседател Џозеф Аун дека сака да „го отстрани сомнежот предизвикан од извештаите за можна сириска воена интервенција во Либан“.
Тој нагласи дека „Сирија нема намера да преземе таков чекор“, соопшти либанското претседателство.
Шајбани, исто така, му пренесе покана на претседателот Аун од претседателот Шара да ја посети Сирија, што би била прва таква посета.
По средбата со претседателот на парламентот Набих Бери, министерот им рече на новинарите дека не ја исклучува можноста за средба со Хезболах во иднина.
МИА
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
