Системски пропусти за загадената вода во Струга
Обвинителството им забрани на две фирми да копаат близу изворите од каде стружани пијат вода
Додека го истражува случајот за загадувањето на водата во Струга, Основното јавно обвинителство затекнало работни машини на две правни лица од Велешта кои кршеле, ископувале и транспортирале карпи во поголем обем во непосредба близина на изворите во селото Шум.
(Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето) стои во соопштението на Основното јавно обвинителство Струга .
Адвокатот Ќато смета дека потребно е да се изврши системска детална и хронолошка истрага во врска со случениот кривично правен настан и покрај утврдување на кривична одговорност на приватните фирми кои вршеле ископи да се утврди дали постои кривична одоговорност и кај надлежните службени лица додавајќи дека неопходно е во предметот да се вклучи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Струга веќе две недели е без вода за пиење, а неизвесно останува кога ќе се стабилизира состојбата.
Од Основното јавно обвинителство Струга посочуваат дека се преземаат дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
