Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
Голем скандал ја потресе турската јавност откако во обемна полициска акција во Истанбул беа приведени повеќе познати личности, меѓу кои и актерката Дениз Чакир, која македонската публика ја памети по улогата на Ферхунде во популарната турска серија „Кога лисјата паѓаат“.
Според турските медиуми, акцијата е спроведена во рамките на истрага за кривични дела поврзани со наркотици и проституција, што ја води Главното јавно обвинителство во Истанбул.
Во рамките на истрагата биле издадени налози за приведување на 35 лица, а според најновите информации, полицијата привела 24 осомничени.
Меѓу приведените, покрај Дениз Чакир, се и познатиот турски пејач и актер Озџан Дениз, актерката Бурџу Озберк и други личности од јавниот живот.
Обвинителството соопштило дека истрагата опфаќа сомневања за трговија и обезбедување наркотични средства, употреба и поседување дрога, како и дела поврзани со проституција.
Истражните органи анализирале сведочења на осомничени и сведоци, информации од тајни сведоци, како и податоци од одземени мобилни телефони и други дигитални материјали.
Според последните информации, 24 приведени лица, меѓу кои и познатите актери, по завршувањето на полициската постапка биле спроведени пред правосудните органи.
Засега не е соопштено за кои конкретни кривични дела поединечно се сомничи Дениз Чакир. Истрагата продолжува, а надлежните органи работат на целосно расветлување на случајот.

Ново на Сител
-

Доделени првите признанија „Монтеко вински витез“
-

Приведен еден од осомничените за нападот врз лекар и сестра од Брза помош Скопје
-

Сопствениците на кравите во Крива Паланка имаат над 100 пријави
-

7 случаи на семејно насилство само викендов, 4 лица се приведени
-

Стратегијата против корупцијата чека зелено светло од Собранието
-

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
-

Формиран Националниот комитет за заштита на новинарите
-

Мицкоски: Грижата за децата е приоритет
