Бизнис
7. July 2025 - 16:38

Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки

Драстичен скок на инфлацијата во јуни. Статистиката измери дека трошоците за живот се зголемиле за 4,5 отсто во однос на истиот месец лани. Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните пијалоци, за 6,3 отсто и кај услугите, односно рестораните и хотелите - за 7,6 %. 

Кај цените на мало статистиката покажа зголемување од  3, 7%, а енормни поскапувања, над 11% регистрирани се кај земјоделските производи. Премиерот не крие дека не е среќен од бројките. Затоа ќе ги бара причините за подгревањето. Се сомнева дека проблемот е кај базичната инфалција.

Мицкоски најави дека уште денеска ќе седнат и ќе прават анализи. Мерки за заштита на стандардот на граѓаните вели дека ќе има. Но не соопшти кога и какви.

Статистичките бројки покажуваат дека за една година овошјето поскапело за скоро 22 отсто, маслата и мастите над 10, кафето, какаото и чајот за скоро 30 и безалкохолните пијалоци за 18 отсто. И министерот за економија минатата недела изјави дека доколку инфлацијата е над 4 %,  ќе преземат ригорозни мерки, со кој ќе бидат опфатени сите  производи, а не само одредени групи. Но и Дурмиши  не соопшти дали повторно би се замрзнавале цените или би се ограничиле маржите.