Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25

Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ во Скопје денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан.
Форумот ќе ги обедини водечките имиња од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор, со цел да се поттикне дијалог и соработка за забрзување на енергетската трансформација во регионот.
Воведно обраќање ќе имаат Агим Селами, извршен директор на МЕФ, Михалис Рокас, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија, Миодраг Милошевиќ, заменик-директор на OSF Western Balkans, Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални ресурси и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и покровител на МЕФ25.
По отворањето следува официјален брифинг за медиумите, а потоа и воведна панел-дискусија на тема: „Декада од Парискиот договор: Напредок, предизвици и иднината на Западен Балкан“, организирана во соработка со Министерството за животна средина и Амбасадата на Франција.
На вториот ден од форумот е најавено учество и на премиерот Христијан Мицкоски, на панелот на тема „Енергетската безбедност и транзицијата на Северна Македонија кон обновливи извори“.
Клучни цели на МЕФ25 се продлабочување на регионалната соработка во услови на геополитички промени, усогласување со целите за декарбонизација до 2050 година и обврските од COP30, поттикнување на индустриски развој и иновации и истражување на улогата на вештачката интелигенција и новите технологии во енергетиката.
Форумот што ќе се одржува во хотел „Хилтон“ ќе трае два дена, а учесниците ќе имаат можност да разменат идеи, да иницираат партнерства и да придонесат кон создавање на одржлива и безбедна енергетска иднина за регионот.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
