Скопските градоначалници иницираат расформирање на Дрисла по викенд кризата
Расформирање на Комунална и преземање на ингеренциите побараа градоначалниците на скопските општини. За оваа инциијатива се согласни сите, кои денеска итно се состанаа по хаосот со отпадот во Скопје. Сметаат дека со преземање на целата механизација, тие поединечно подобро ќе се грижат за хигиената во главниот град.
Додека траеше штрајкот на вработените во комунална, скопските градоначалници побараа камиони на помош од други градови за да го исчистат сметот. Па така од синоќа, камиони од Велес, Штип, Кавадарци, Илинден и другите општини беа ангажирани во Гази Баба , Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Центар .
Во обидот да ги намалат штетните последици по здравјето на граѓаните, беа спречени од раководството на Дрисла кои им ги затвориле рампите за одлагање на смет. Градоначалниците побараа и Владата да се вклучи во решавање на овој проблем.
Од дрисла тврдат дека општините немале валиден договор
Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад“, велат од ЈП „Дрисла“.
Градоначалничката Арсовска им порача да си ги средат своите општини наместо да се сликаат.
На состанокот на скопски плански регион, градоначалниците побараа оставка од Арсовска и најавија кривична пријава против неа доколку не го реши комуналниот хаос во Скопје кој го загрозува здравјето на граѓаните.
На седницата иако повикана не дојде градоначалничката Арсовска, ниту градоначалниците на Карпош, Сарај, Чаир, Зелениково и Чучер Сандево.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
