Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања

На почетокот на следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за барањата за додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори. Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека ќе им предложи два-три термини за средба на која ќе разговараат и како што рече „ќе ги анализираме заедно работите“.
Мицкоски, меѓу другото, рече дека се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет каде, исто така, ќе може да се разговара.
Fakt është se nëse nuk ka organizatorë, nuk mund të ketë terroristë. Askush nuk thotë se ata njerëz nuk kanë gabuar, askush nuk thotë se ata njerëz nuk kanë bërë shkelje, por ata njerëz për a
- Често пати зборувавме дека начинот кој го одбраа синдикалците не е начин за да се реализираат барањата и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела ќе се сретнам, нормално во зависност од нивното расположливо време. Ќе се сретнеме, ќе разговараме... Само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение кое што ќе биде успешно, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци.
Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив од 14 до 17 јануари годинава одржаа неколку предупредувачки протести пред МЖСП, Министерство за Култура и Министерството за финансии, барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на протестот од пред Министерството за финансии на 17 јануари годинава, рече дека поднеле формално барање за средба со претседателот на Владата, за „повторно продолжување на дијалогот што еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии, со одбивање на предложените колективни договори за додатокот на плата“.
Од Владата тогаш го прифатија повикот за средба и најавија дека таа ќе се реализира по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од САД, каде престојуваше на инаугурацијата на 47. американски претседател Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
-

Лукашенко: Импресиониран сум од неодамнешните постапки на Трамп
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
-

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО
-

Камбоџа: Тајланд продолжува со бомбардирање и покрај повикот на Трамп за прекин на огнот
-

Божиновска - Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија - Србија оди напред со забрзано темпо
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
