Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија

Словачка може да стави вето на следниот пакет санкции на ЕУ против Русија доколку Европската комисија не понуди решение за енергетската криза со која се соочува земјата, предупреди премиерот Роберт Фицо, пренесува ДПА.
„Република Словачка нема да го поддржи предложениот 18-ти пакет санкции против Руската Федерација доколку не добиеме реално решение за ситуацијата што ќе настане по целосниот прекин на снабдувањето со гас, нафта и нуклеарно гориво од Русија“, напиша Фицо на Фејсбук.
Словачка, членка на ЕУ и НАТО, силно зависи од руската енергија. Намалувањето на дотурот на гас преку Украина доведе до тензии со Киев и го зголеми стравот во Братислава за идната сигурност на снабдување.
Минатата недела, словачкиот парламент со мала разлика изгласа необврзувачка резолуција со која бара од владата да се спротивстави на санкции што штетат на националната економија.
Фицо, кој е левичарски националист, често ги критикуваше санкциите, тврдејќи дека ѝ штетат повеќе на Словачка отколку на Русија. Сепак, за разлика од унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фицо и неговата влада досега ги поддржаа сите санкции.
Словачка, заедно со Унгарија и привремено и Чешка, доби изземање од забраната за увоз на руска нафта, за да развие алтернативни канали за снабдување.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
