Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал

Незаконското одлагање отпад е исклучително профитабилен криминален бизнис каде се вртат милиони евра, а добивките веќе ги достигнуваат оние од трговијата со дрога, наведува словенечкиот портал 24.ур. Од овие причини, словенечката полиција формира посебен оддел кој ќе се посвети исклучиво на решавање на еколошкиот криминал, откако минатата година на ова поле беа поднесени 170 кривични пријави.
Полицијата формира оддел со специјализирани истражители, првенствено во рамките на криминалистичката полиција, кои ќе се занимаваат исклучиво со истражување на еколошкиот криминал.
– Станува збор за нови појавни облици кои многу ја загрозуваат природата, а посредно и луѓето кои живеат во таа природа. Моментално најголем проблем со кој се соочуваме се незаконските пратки со отпад и несоодветното одлагање отпад во природата, како и загадувањето на водата за пиење, објаснува Бењамин Франца, раководител на одделот за имотен криминал во Главната полициска управа (ГПУ).
Како што предупредува Франца, во преден план на еколошкиот криминал сè повеќе доаѓа незаконското постапување со отпадот. – Отпадот стана пари, вели Франца.
Заработките се енормни и веќе се натпреваруваат со оние од трговијата со дрога.
– Сите гледаме дека се гушиме во отпад, вклучително и Словенија. Едноставно веќе нема капацитети во рамките на земјите од ЕУ за ваков вид рециклирање и овие компании се обидуваат да го испратат отпадот на друго место, објаснува Франца.
Понекогаш товарот патува со фалсификувани документи, кои прикажуваат дека отпадот оди легално на уништување или рециклирање, додека парите за тоа остануваат во нивните џебови.
– Рециклирањето на тон опасен отпад чини од 1.000 евра нагоре, дури и по две или три илјади, во зависност од опасноста на самиот отпад. Тоа значи дека имаме, на пример, 20 до 40 илјади евра добивка на еден камион кој има носивост од 20 тони, објаснува Франца.
Овие камиони ја напуштаат словенечката територија, но понекогаш остануваат и во земјата. Според Франца, словенечката полиција во минатото веќе постапувала по неколку сложени истраги каде мафијашки криминални групи управувале со ваков вид бизнис, при што најчесто испраќале отпад од областа на Италија во Словенија, но и понатаму на Балканот. Таков пример беше случајот во Дивача, каде што отпадот бил одлаган во природа.
Криминалните здруженија не се ограничени од државните граници, поради што нивното откривање и истражување е заедничка работа на полициските служби од различни земји. Тука настанува предизвикот – различното законодавство што го имаат различните држави. Словенечката полиција, на пример, има на располагање значително помалку можности и овластувања отколку италијанската, наведува порталот.
– Секако дека би ни користела некаква алатка или дополнително овластување, нагласува Франца.
Тој ги повикува жителите веднаш да пријават во полиција доколку забележат нешто сомнително. Тоа може да се направи и анонимно.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
