-->
-->
Словенија на „Евровизија“ со „симфонија на сирените“
-->
Раивен (Raiven) со песната „Вероника“ во мај ќе ја претставува Словенија на „Евровизија“ во Малме, Шведска.
Приказната за Вероника Десенишка и нејзиното наводно вештерство се добро познати во Словенија. Оваа песна ја продолжува потрагата на Раивен да ги истражи приказните на жени од различни историски ери. Пејачката ја опишува нејзината песна како „симфонија на сирените“.
- Кога ѝ кажав на мајка ми, одам на „Евровизија“, ми рече дека знаела оти еден ден ќе стојам на таа сцена. Таа го знаела тоа уште од првиот пат кога ние го гледавме овој музички спектакл заедно - јас имав пет години, тврди пејачката.
Публиката ќе може да ја слушне „Вероника“ во 2024 година.
Музичкиот натпревар „Евровизија“ ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
