Македонија
4. April 2022 - 16:30

Случајот со поплавеното училиште во Кочани ќе оди на суд

Материјалната штета што средното електромашинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани ја претпрпе пред 4 месеци е проценета на 3 милиони денари. Вториот кат на училиштето целосно беше поплавен, а водата продре се до приземјето. Причина за поплавата беше отворениот кров кој се реконстрираше, а изведувачот оставил еден поголем дел не покриен во периодот кога имаше интензивни врнежи од дожд. Сепак изведувачот не сака да ја подмири штетата.

-Од страна на училиштето беше понудена спогодба со изведувачот да ја надминат постоечката состојба по пат на меѓусебно разбирање, но најверојатно немаше слух за тоа и очекувањата се дека исходот ќе мора да се бара по судски пат, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Целосно уништени се 70 компјутери, а во 7 училници се уште не се одвива настава.

-Тие се изолирани и надвор од употреба. Останатата техника која не е оштетена е доволна да се одвива наставниот процес- додаде Папазов.

Заради поплавата, 650 средношколци беа принудени 10-тина дека да следат он лајн настава.