Случајот со застреланиот ловџија од гевгелиско се враќа на почеток
Судењето за случајот во кој беше застрелан 31 годишниот ловџија Мите Танов од гевгелиското село Богородица се враќа на почеток.
Апелациониот суд Скопје ја укина првичната пресуда на судот во Гевгелија и предметот го врати на повторно судење. Повторениот процес треба да го утврди субјективното битие во случајот, односно дали се работи за убиство со евентуална умисла како што тврди обвинителството или пак за убиство од небрежност.
За одбраната на обвинетиот Ѓорги Белчев одлуката на апелација само го потврдила нивното и тврдењето на вештите лица дека се работи за убиство од небрежност.
Родителите на застреланиот ловџија имаат спротивен став. Тврдат дека не се работи за небрежност туку за класично убиство со умисла. Бараат изземање и на судскиот совет и јавниот обвинител.
31 годишниот Мите Танов беше застрелан на 3-ти ноември 2019 година за врема на лов на планината Кожув. Единствениот обвинет во случајот Ѓорѓи Белчев со првостепената пресуда беше осуден на казна затвор од седум години.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар