Смртоносен пожар на туристичкиот остров Пукет, 11 загинати и 16 повредени | ВИДЕО

Во пожар што избувнал рано утрово во деловно-станбена зграда на Пукет, популарен туристички остров на југот на Тајланд, загинале 11 лица, а 16 биле повредени, соопшти полицијата за новинската агенција Ројтерс.
Пожарот избувнал во зграда во која се наоѓа агенција за изнајмување возила, по што се проширил и на неколку соседни објекти.
Огнот избувнал околу 3:17 часот по локално време, а на пожарникарите им биле потребни околу два часа за да го стават под контрола, соопштија тајландските власти.
Меѓу повредените има 15 државјани на Тајланд и еден државјанин на Мјанмар. Според полицијата, меѓу загинатите и повредените нема туристи.
Причината за пожарот засега не е позната и е предмет на истрага.
Зградата се наоѓа во урбаниот дел на островот, недалеку од популарната плажа Патонг, на западниот брег на Пукет.
Пожарот се случил четири месеци по пожарот во еден бар во Бангкок, во кој загинале најмалку 27 лица.
Ново на Сител
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
