Снаа и свекрва се затруле од печурки
Снаа и свекрва се затруле со печурки. Двете жени од Гостивар на 67 и 30 годишна возраст по вчерашниот ручек добиле мачнина, болки во стомакот, почнале да повраќаат и паднале во безсознание. Од гостиварската болница ги препратиле на Клиниката за Токсикологија.
-На двете гостиварки веднаш им се направени потребните лабораториски испитувања и сите параметри се добри. Посочи дека ако резултатите од дополнителните испитувања се добри тие утре ќе бидат пуштени дома, изјави д-р Нестор Поповски, в.д директор на Клиниката за Токсикологија
Снаата на лекарите им објаснила дека печурките ги собрале од околните планини. Мислеле дека се јадливи, а не отровни. Само таа и свекрвата јаделе од ручекот.
Директорот на Токсикологија апелира до граѓаните да внимаваат какви печурки собираат , зошто јадливите имаат отровни двојници од кои може да настрадаат цели семејтва.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
