-->
-->
Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-->

Секторот за внатрешни работи - Велес денеска соопшти дека со 3,66 промили алкохол во крвта, росоманец агресивно се однесувал кон полицајци.
- Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
