Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило

Две тинејџерки на возраст од 16 и 17 години тешко се повредени кога врз нив налетал автомобил, откако паднале од санки кои нивниот пријател ги влечел со автомобил по снежна улица во село кај Краљево, Србија.
Страшната сцена се случила во четврток околу 22 часот, кога 19-годишник, возејќи автомобил „Volkswagen“ со условна возачка дозвола, влечел санки на кои биле девојките. Во еден момент тинејџерките паднале од санките и ги прегазил „Fiat“ кој не успеал да запре. Автомобилот го управувал 35-годишник, кој возел зад девојките за да не налета друго возило, објави „Telegraf“.
Двете девојки веднаш биле пренесени во болница во Краљево. Едната имала тешки повреди на нозете, а другата повреда на главата. Полицијата веднаш ги уапсила возачите, кои се товарат за тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај.
На социјалните мрежи се појавила вознемирувачка снимка од несреќата, објавена од новинарот Младен Мијатовиќ. Непосредно пред несреќата се слуша како една од тинејџерките вика: „Кажи му да забави.“
„Никогаш не правете слично нешто. По снегот е тешко да се запре возилото, а несреќата може да се случи за една секунда. Малолетните девојки се тешко повредени, а двајцаата возачи се уапсени“, напиша Мијатовиќ на својот профил на Инстаграм.
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
