Со поглед во таван почна судењето на серискиот убиец во кумановско, Обвинителството ќе докажува дека мотивот бил некрофилија

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата.
Обвинетиот беше спроведен од Затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот.
На почетокот на рочиштето, судијата Мирсад Суроји се обиде да ги утврди личните податоци на обвинетиот, но тоа не беше можно бидејќи Бојковски не комуницираше со судот. За време на обраќањата гледаше во плафонот и се смешкаше, без да одговара на поставените прашања, по што судот одреди кратка пауза.
Во воведниот збор, обвинителството наведе дека во текот на постапката ќе изведе докази со кои ќе ги докаже сите елементи на кривичните дела што му се ставаат на товар на обвинетиот.
- Ќе бидат изведени докази од кои ќе се утврдат сите битни факти и елементи на кривичните дела. Од записниците од ексхумациите во корелација со обдукциските наоди ќе се утврди начинот на извршување на делата, а од судско-психијатриското вештачење и останатите докази ќе се утврдат мотивите кои биле движечка сила обвинетиот да ги стори делата - рече јавниот обвинител.
Тој најави дека во текот на доказната постапка ќе бидат сослушани и преживеаните жртви од нападите.
- Доказната целина ќе утврди дека обвинетиот со намера да ги задоволи своите страсти спрема мртви тела искористувајќи ги околностите кои од претходно биле познати дека жртвите биле сами, немоќни, стари и заспани влегувал во куќите физички ги напаѓал, ги удирал, ги давел, и откако ќе ги усмртил со својот полов орган извршувал пенетрацијата на покојните жртви - наведе тој.
Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвине
Јавниот обвинител посочи дека, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата.
Во продолжение на рочиштето, бранителот на обвинетиот го откажа полномошното, по што судот оцени дека на обвинетиот треба да му биде назначен бранител по службена должност. Одбраната побара и сослушување на двајца сведоци. Поради новонастанатите околности, судот донесе решение главната расправа да биде одложена.
Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Со оглед дека, според обвинението, со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.
Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
Според обвинението, првото убиство било извршено ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Второто се случило во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.
Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.
На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.
Предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово.
Ново на Сител
-

Арагчи ги предупреди САД да се воздржат од нови воени авантури
-

МВР со низа превентивни активности за безбеден сообраќај, спречување пожари и кражби
-

Пакетот закони за високо образование прифатени од матичната собраниска комисија, одат на натамошно читање
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
