Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!

Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од инстант лозот „Доме сладок доме“. Со мала инвестиција од само 100 денари, тој ја предизвика среќата и освои стан во Скопје. Интересно е што првиот купен лоз му донел добивка од 100 денари. Тој се одлучил да ја замени добивката со нов лоз и токму замената го довела до големото изненадување – сопствен дом во главниот град.
„Секогаш треба да се верува во среќата“, сподели добитникот, додавајќи дека ќе продолжи да игра бидејќи инстант лотаријата е неговата омилена игра на среќа, но и се надева на нови добивки.
Оваа добивка треба да биде поттик да се верува во среќата, но и мотивација дека големите добивки се можни, бидејќи покажува дека добивките од инстант лотаријата на Државна лотарија може да станат реалност за секој од нас.
Добитниците на премијата од инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија доаѓаат од различни градови и села низ државата – Штип, Кавадарци, Битола, Кичево, Скопје, ресенското село Арвати и тетовското село Пршовце – што е доказ дека секој може да ја предизвика својата среќа и да освои голема добивка.
Инстант лозот „Доме сладок доме“ нуди можност за голем број добивки – меѓу кои 5 стана во Скопје, 20 добивки од 100.000 денари, 40 добивки од 50.000 денари и други многубројни парични добивки. Оваа богата понуда ја прави играта особено атрактивна и достапна за сите што сакаат да ја предизвикаат својата среќа.

Добитниот лоз на Ордан Зарински е купен од продажното место „Вип тобако“ во Штип.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
