Македонија
1. September 2024 - 16:36

Со учебници, едносменска настава и без пролетен распуст почнува новата учебна година

245 илјади основци и средношколци утре почнуваат со настава. Новата учебна стартува  со физичко присуство за сите освен за ученици од неколку училишта каде од претходно не биле обезбедени просторни услови. Едносменска настава се воведува  во 140 училишта а пролетниот распуст се укинува. Учебниците во основните училишта  се веќе доставени и ќе има по  сите предмети  освен за странските јазици, за средношколците само за 15 предмети. 

 – За прв пат по седум години, учебната година започнува со учебници. Ова беше еден од приоритетите на моето работење и можам да кажам дека дадениот збор е успешно исполнет. Сите учебници кои се одобрени и испечатени, во овие 60 дена се веќе испорачани во тираж од 360 илјади примероци“По предметот историја и општество за петто и шесто одделение, како и за предметите историја и географија за седмо одделение обезбедивме печатени материјали на сите 5 наставни јазици, со оглед на тоа што немаше одобрени учебници. Наставни материјали обезбедивме и за јазикот и културата на заедниците во сите одделенија каде немаше никаков учебник“,Во делот на средното образование, затекнавме состојба на испечатени само 15 наслови за средно стручно образование во минатата година, а ние сега печатиме над 100 учебници кои досега не биле печатени. 

Министерката информира  дека  се ангажирани 815 образовни асистенти а обезбедиле средства и за дополнителни 200. Новата концепција за 7мо и 8мо и 9то одделенците е стопирана тие ќе учат по старата програма а во меѓувреме ќе се ревидираат наставните програми за  сите одделенија и ќе се изработат нови за гимназиско образование. Во однос на платите за наставниците Јаневска го повтори ставот на Владата дека покачувањето ќе се реализира следната година. 

– Весна Јаневска ова е крајна манипулација на наставниците кои до само пред два месеца ги водеа Годинава, поради огромната наследена дупка во буџетот на МОН во износ од 5 милијарди денари, немаме можност веднаш да реагираме. Со ребалансот месецов, обезбедивме средства за нормален тек на исплатата на постојните права за кои немаше пари, за исплата на стипендии, субвенциониран оброк, превоз, плати во образованието, освоени награди и така таму. Сосема е разбирливо дека наставниците се во право, тие си ги бараат и бранат своите права и целосно застанувам на нивна страна. Апелирам, да издржиме краток период и заедно да ја пребродиме кризата која е резултат на лошото и несовесно менаџирање на парите од претходното раководство и уверувам дека сé ќе биде подобро за неколку месеци

Загрижуваат бројките дека и оваа година бројот на првачиња е намален за 3500 што според министрерката е резултат на лошите политики кои до сега биле спроведувани.