Loading Video...
Македонија
24. December 2025 - 16:34

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина

Пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали е нов министер за евроинтеграции. Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа пак, стана министер за животна средина. Собранието попладнево со 71 односно 72 гласа „за“ ги избра двајцата нови членови на кабиентот на Мицкоски.

Новите министри влегуваат во Владата откако Изет Меџити од вицепремиер и министер за животна средина стана градоначланик во Чаир, па се ослободија две места што припаѓаат на Вреди. За да се направат промените, пратениците по предлог на Мицкоски гпретходно го разрешија Муртезани од министер за евроинтеграции. 

Од Вреди ги бранеа своите нови министри, велејќи дека се луѓе со професионален капациет кој е вреден за функциите.

Опозицијата пак, смета дека се работи за рециклирани кадри и дека смените во Владата не се за подобрување на нејзината работа, туку само козметички.

По изборот на новите министри, Мицкоски со своја одлука, согласно договореното ќе треба да го назначи Сали и за вицепремиер во Владата.

Според најавите, ова нема да бидат единствените промени во владиниот кабиент. Напролет, Мицкоски најави поголема реконструкција на Владата која ќе опфати кадри од сите три коалициски партнери: ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.