Собранието под мораториум - Нема договор како да се усвојат економските мерки од петтиот пакет
Собранието во мораториум откако власта ем не може да обезбеди кворум поради позитивни пратеници во своите редови ем не ги прифаќа барањата од опозицијата за таа да учествува во работата на параламентот.
ВМРО-ДПМНЕ бара утре да се организра посебна седница на која ќе бидат ставени само точки за финансиска помош на граѓаните и фирмите погодени од Ковид пандемијата, а на која и таа ќе учествува и гласа.
Од Алијанса и Алтернатива пак, кои со над 30 илјади амандмани ги блокираат сите законски решенија во парламентот додека не се донесе закон за државјанство исто така понудиле да се изнајде компромис со власта.
Спикерот Џафери ја обвини опозицијата дека работи со ултиматуми и партиски интереси, независно што се бараат законите кои се врзани со помош за граѓаните.
Џафери од сега најави дека ќе свикува седници само доколку претходно е уверен дека има кворум од власта.
И од мнозинството велат дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која блокира и ја користи здравствената состојба на пратениците иако власта има тенко мнозинство.
Прва можност за седница на која власта ќе има кворум би требало да е четврток, кога се очекува еден од двајцата изолирани пратеници да добие и негативен корона тест.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
