Собранието со низа активности, јавна расправа за употреба на АИ, брифинг и седница на земјоделската комисија

Во Собранието денеска се одржуваат повеќе активности и собраниски работни тела. Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе одржи неформален седмичен брифинг со новинрите, а членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во прво читање ќе го разгледаат предлогот на закон за органско земјоделско производство.
Во собраниската сала „Борис Трајковски“ пак ќе се одржи јавната расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“. На расправата, како што соопшти собраниската служба за информирање, воведни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски иглавниот државен ревизор, Максим Ацевски.
МИА
Ново на Сител
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
