Македонија
22. August 2021 - 16:37

Социјално ранливите можат да бидат попишувачи

Според новите измени во Правилникот за попис на населението, во статистичката операција можат да се вклучат и граѓани од социјално ранливите групи, без да им биде укинат месечниот паричен надоместок.

Нема да ја загубат социјалната помош, доколку се пријават како реонски попишувачи – изјави Виктор Вацев, член на пописдна комисија на реон 16. 

За 129 попишувачи и 14 реонски инструктори за општините Штип и Карбинци, се пријавиле 155 кандидати. На тестирањето во четвртокот се појавиле 130 лица. Затоа  конкурсот е продолжен до 25-ти август, по што ќе следува второ. тестирање. Потребната квота за реонски инструктори во реон 16 е исполнета.

Услов за да бидете реонски инструктор е да имате завршено високо образование и да бидете невработен. Сите оние кои не го поминаа бодовниот праг за реонски инструктори, ќе бидат вклучени како реонски попишувачи-изјави Вацев

Инструкторите и попишувачите може, но и не мора да бидат вакцинирани, а оние кои нема да сакаат да ги примаат во своите домови, има опција да бидат попишани на отворено.

Не мора да влегуваат внатре, може и во дворовите или ако живееат во зграда, во паркови, во летниковци, значи може и таму да се одвива попишувањето, додаде Вацев.

Паричниот надомест за секој попишувач е збир од паушален износ од 4000 денари, за секој попишан граѓанин 30 денари, за стан 20 денари и за домаќинство 50 денари.

Во најблага варијанта ќе биде од 30 000 до 35 000 денари паричниот надоместок за реонските попишувачи- изјави Вацев.

Пописот на населението ќе се одвива од 5-ти до 30-ти септември.