Сојузот на борците од Тетово реагира: Лага е дека ученици во униформи и со оружје го славеле ослободувањето на градот
Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово остро реагира на објавите во дел од медиумите на албански јазик, во кои се тврди дека ученици во униформи и со импровизирано оружје учествувале во одбележувањето на 19 Ноември – Денот на ослободувањето на Тетово.
Од Сојузот ги демантираат ваквите информации, оценувајќи ги како тенденциозна и злонамерна манипулација со која се нарушува вистинската слика за чествувањето на 82-годишнината од ослободувањето на градот.
Како што појаснуваат, настанот што се одржал на 19 ноември пред споменикот „Победа“, на булеварот „Маршал Тито“, имал официјален и свечен карактер. Чествувањето започнало со интонирање на државната химна, присуствувале припадници на Армијата, бил прочитан историски реферат, а бројни делегации положиле свежо цвеќе.
На одбележувањето организирано присуствувале ученици од повеќе училишта и деца од детските градинки, додека по завршувањето на официјалната програма учениците од ОУ „Гоце Делчев“ ја извеле детската песна „Тетово граду мил“, подготвена по повод годишнината.
Од Сојузот нагласуваат дека не може да се прави никаква паралела меѓу чествувањето во Тетово и неодамнешниот настан во селото Челопек, каде што, според нив, ученици на училишна приредба биле облечени во униформи на паравоени организации и носеле пластични пушки.
Во реакцијата се обвинуваат дел од медиумите за прекршување на новинарската етика и ширење невистини кои, како што наведуваат, можат да поттикнат меѓунационални поделби.
Истовремено, од Сојузот на борците јавно поставуваат прашање зошто Општина Тетово не го одбележува Денот на ослободувањето на градот и зошто, според нив, не ги афирмира и негува антифашистичките вредности.
На крајот од соопштението им изразуваат благодарност на училиштата, просветните работници и организациите кои учествувале во чествувањето, порачувајќи дека ќе продолжат достоинствено да ги одбележуваат значајните датуми од националната историја.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
