Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.
Промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер температурите ќе бидат во опаѓање. Врнежи од дожд и значително пониски дневни температури ќе има во петок. Од сабота температурите ќе бидат во постепен пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
-

Основана Кинеско-македонската стопанска комора
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
