Сончево и натпросечно топло до 35 степени
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=7
Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.
Во Скопје сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела во претпладневните часови ќе има повремен локален дожд и ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури. Од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.
Ново на Сител
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор
-
Стејт департментот го осуди влошувањето на човековите права во Европа
-
Франција, Германија и Велика Британија подготвени повторно да воведат санкции кон Иран