Сончево и постудено

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови од земјата каде ќе наврнат на 30 литри на квадратен метар, а во петок во јужните и во источните делови со врнежи од над 20 литри на квадратен метар. Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.
МИА
Ново на Сител
-

Регионалниот центар во Новаци се очекува да функционира во 2030 година
-

Модернизација и дигитализација на земјоделското производство
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор за безбедност
-

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје
-

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев
