Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец, а за време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено со засилен интензитет. Температурите ќе бидат во опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра