Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Според најавата, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 Целзиусови степени.
Синоптичарите најавија дека и во наредните денови, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, што ќе биде поизразена во среда и четврток, кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
МИА
Ново на Сител
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
