Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи

Најтопло изутринава било измерено во Скопје, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци и Гевгелија со 12 степени, додека најниска температура од 6 степени е регистрирана во Берово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата ќе дува силен ветер од западен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
