-->
-->
Сончево со локална облачност
-->

Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени.
Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 13, а максималните ќе достигнат до 31 степен.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
