Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Дневните температури ќе бидат без значителни промени.
МИА
Ново на Сител
-

Минчев: Законот за висока раководна служба воведува мерит-систем и става крај на партизацијата
-

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026
-

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков
-

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор
-

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината
-

Облачно со повремен дожд
-

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
