Македонија
9. October 2026 - 18:10

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила

Поради сообраќајна несреќа на влезот на Скопје, се создадоа километарски колони на возила. Се судрија два автомобили, на терен се присутни и полициски службеници кои прават увид на местото на несреќата. Голем број на граѓани се револтирани поради долгото чекање за влез во главниот град.

За евентуално повредени лица, од МВР најавија дека во текот на вечерта ќе достават дополнителни информации.

Дополнителна гужва предизивкува и продолжениот неработен викенд.