Македонија
4. September 2025 - 14:06

Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес

На 03.09.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Велес, атар на с.Колонија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(58) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(55) од Скопје, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(50) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Мралино, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка Г.С. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.