Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
Дури и шефовите на држави стануваат жртви на метежот во Њујорк – францускиот претседател Емануел Макрон синоќа беше запрен од полицаец кој не му дозволи да ја премине улицата бидејќи минувал кордoнот на неговиот американски колега Доналд Трамп.
За разлика од повеќето, кои би се почувствувале непријатно, Макрон му се јави директно на Трамп за да се пошегува со ситуацијата, што може да се види и во видеоснимка објавена на социјалните мрежи.
Францускиот претседател им објаснил на полицајците дека пеш се упатил кон дипломатската мисија на Франција во Њујорк по својот говор на Генералното собрание на ОН, на кое соопшти дека Франција официјално ја признава Државата Палестина.
– Жалам, господине Претседател, навистина жалам, рекол збунетиот полицаец, извинувајќи се што улицата е блокирана поради конвојот.
Принуден да почека, Макрон потоа му се јавил на Трамп. – Замисли, чекам на улица бидејќи се е блокирано поради тебе, му рекол, додавајќи дека сака кратко да разговара со него и со Катар за состојбата во Газа.
Според француски дипломатски извор, разговорот бил топол и пријателски, а двајцата претседатели допреле неколку меѓународни теми. Неколку минути подоцна, улиците биле отворени и Макрон продолжил по патот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени