Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот кон Пониква и кон с.Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Ново на Сител
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад