21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
Попладнево во Кочани уште еден „Марш на ангелите“, 21- ви по ред. Родителите, роднините, другарите и граѓаните ги носеа фотографиите на нивните прерано починати сограѓани и побараа одговори од правосудните органи. Според нивни информации обвинителниот акт од 16-ти јуни годинава се уште не е оценет, а оваа фаза може да трае и неколку месеци.
- Ве молиме да ни дадете информација до каде е постапката со оценка на обвинителниот акт, дали постои одреден рок во кој Советот е должен да донесе одлука, а доколку не, ве молиме да укажете кога приближно може да се очекува завршување на ова постапка, имајќи вопредвиод начелото за постапување во разумен рок, член 6 од ЗКП, изјави изјави Розета Џамова, сестра на Јорданчо Џамов
Од основното јавно обвинителство побараа да им се достави информација до каде е постапката за обвинителниот акт против вработени во МВР кои директно се засегнати со трагедијата во дискотеката „Пулс“.
- Дали постои законски временски рок за постапување по истиот, на пример, 3 мсеци, како што беше претходната постапка, а доколку нема, во кој е реално да се заврши постапката, зошто до сега не е завршена и кога се очекува понатамошно постапување, даде Џамова
Уште еднаш потенцираа дека нема да се откажат и ќе маршираат се додека не добијат одговори и правда за нивните прерано починати деца.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар