Македонија
6. September 2025 - 16:33

Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно

Невработеноста се намалува, но расте и бројот на лица кои работат на црно. Статистиката објави дека во 2 тримесечје стапката на невработеност изнесува 11,5 % или нешто над 91 илјада се  невработени.  Во исто време неформало вработени се 98 илјади, бројка која е за 8,5% зголемена во споредба со првото тримесечје. Ова е показател дека се потребни сериoзни мерки за справување со истата, коментираат експертите.

Во овој квартал намалена е и вработеноста , како и активноста на населението, што укажува на зголемување на воздржаноста на пазарот на труд.  Според истражувањето на Фајнанс Тинк, во 2 квартал само за 3 месеци згаснале над 1,000 работни места.

Во 2 квартал  се зголемила продуктивнота на работниците, и регистриран е пораст на просечната плата. Ова ќе придонеси личната потрошувачка и натаму да се зголемува, а тоа негатвно ќе влија врз растот инфлацијата. Според проценките на Фајнанс Тинк, до крајот на годината трошоците за жовот ќе се згоелмат на 3,7 отсто.