Соопштение до јавноста од Рамстор Македонија

Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија, Рамсторе Македонија ДОО, Ве информираме дека започнуваме со реализација на проект за изградба на нов деловно - станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор.
Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето.
Проектот се реализира согласно важечките урбанистички и технички прописи, со посебен фокус на безбедноста и функционалноста и минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на соседните деловни и комерцијални објекти.
Се заблагодаруваме на граѓаните, посетителите и деловните партнери за разбирањето и довербата во текот на реализација на проектот.
Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
