Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во земјата.
ТикТок во САД досега неколку пати беше неуспешно забранувана, а првпат се обиде претседателот Доналд Трамп на крајот од неговиот прв мандат во 2020 година, под образложение дека претставува закана за националната безбедност.
Трамп го одложи до 20 јануари следната година спроведувањето на законот со кој се забранува ТикТок во САД, освен ако кинески сопственици не ја продадат платформата.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс во септември наведе дека вредноста на апликацијата се проценува на околу 14 милијарди долари.
Контролата врз американскиот дел од апликацијата ќе ја преземе група инвеститори, меѓу кои се технолошкиот гигант „Оракл“ и компаниите „Силвер Лејк“и „МГХ“, и тие ќе имаат 80,1 процент од сопственичкиот удел, додека кинескиот „БајтДенс“ ќе задржи 19,9 проценти.
Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу посочи дека заедничката компанија „ќе работи како независен ентитет со овластувања за заштита на податоците во САД, безбедност на алгоритмите, модерирање на содржината и обезбедување на софтвер“.
Тој додаде дека американските сопственици на ТикТок ќе „управуваат со глобалната интероперабилност на производите и одредени комерцијални активности, вклучувајќи е-трговија, рекламирање и маркетинг“, одделно од заедничкото сопствеништво.
МИА
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
