Соседите со нови мерки, дали кај нас ќе има помош на граѓаните и намалување на инфлацијата
Секој трет жител во Европа живее во несигурност поради сиромаштијата. Лишени од основните добра како храна и здравствена заштита , бидејќи немаат пари се милиони европјани, покажува истражувањето на Ипсос и француска невладина организација.
Иако инфлацијата во еврозоната се намалува, ситуацијата е многу загрижувачка, посебно кај средната класа. Секој втор жител се соочил со лошо здравје, недостиг на греење и храна во последните 6 месеци, а третина европјани не можат да си дозволат медицинска нега. Истражувањето покажува дека 36% од родителите не можеле на своите деца да им ги задоволат основните потреби како храна, школарина, облека и здравствeни услуги.
Бројките се загрижувачки, посебно во Грција и Молдавија., каде 50 % се изјасниле дека немаат доволно пари за да преживеат и биле приморани да позајмуваат од роднини или пријатели. Како одговор на растечката сиромаштија секоја земја крои планови како да им помогне на своите граѓани. Во соседна Србија од среда поевтинуваат 20 основни производи. Претседателот Вучиќ изјави дека во сите трговски маркети ќе бидат истакнати продуктите означени со Подобра цена.
„Редовната цена на пилешкото е 399, но ќе биде 259 динари, јогуртот е 164 динари, а ќе биде 134. Цената на сокот од јаболко наместо 120 ќе биде 80 динари, компирот е 99, а вие ќе можете да го најде за 60 динари. Ќе имате домашни зачини кои чинат 70 динари за 50 динари, шампон за бебиња од 107 динари за 69,9 динари, а кафето за 130,99 динари ќе биде 89,99 динари“, изјави Алекснадар Вучиќ, престедател на Србија
Економистите сепак не веруваат дека со овој начин ќе се намали инфлацијата во Србија, која во јули достигна 12,5%, а само храната за една година поскапела за 21%. Кај нас августовската инфлација изнесува 8,3%, но храната поскапела за над 10% за една година. Само овошејто и зеленчукот за 21, односно 25 отсто. Владата најави дека подготвува пакет мерки, но се уште не открива што ќе содржи.
Вчера Организицијата за храна на Обединетите Нации објави дека во август цените на прехранбените производи се намалиле за 2,1% во споредба со јули, и за 24 отсто од рекордот во март лани. По повисоки цени се продавеле само оризот и шеќерот, поради забрана за извоз на бел ориз од најголемиот извозник Индија., и загриженоста од слабите врнежи врз посветите на шеќерна треска во Тајланд.
Според ФАО, значителен пад на цената има кај житариците, маслото, млечните производи, путерот, сирењето и свинското, говедско, овчо и живинско месо.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
