Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.
Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство (ДГ ИНЕСТ), за мобилност и транспорт (ДГ МОВЕ) и за миграција и внатрешни работи (ДГ ХОМЕ).
Прашањето за предизвиците на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.
Портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во петокот изјави дека Комисијата е свесна за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите од регионот.
Тој нагласи дека Европската комисија е целосно посветена на прашањата што ги иницираа превозниците, па затоа со Стратегијата за визите, објавена во четвртокот, се предвидува тесна соработка со земјите членки „за да се идентификуваат прагматични решенија, што може да се осигурат безбедност и економска корист за ЕУ, како и правна јасност за патниците“.
- Врз основа на размислувањата, ќе се разгледа и воведување ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен кус престој на ниво на ЕУ – изјави Ламерт, додавајќи дека засега не би можел да даде никаква временска рамка за овие нови правила.
Во однос на забелешките на превозниците на воведувањето на системот за регистрација на влез и излез (ЕЕС), Ламерт нагласи дека со него не се воспоставуваат нови правила за престој во шенген-зоната, туку и натаму во цела Европа се во сила истите правила што важат со години.
- Би сакал одново да ги повторам правилата. Според правилата на шенген-зоната, граѓаните на земјите ослободени од визен режим имаат право да останат во шенген-зоната до 90 дена во кој било период од 180 дена. Секој престој подолг од ова мора да биде покриен со различна форма на виза, на пример, со виза за долг престој или дозвола за престој издадена од земја членка. Нема нови правила – истакна Ламерт.
МИА
Ново на Сител
-

Сто лица добиле поддршка во 2025 од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци
-

Лото и џокер на само еден клик од тебе - играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
-

МНР на Србија: Загриженост поради симболите и пораките во Хрватска
-

Рекордери: Во Македонија има двајца возачи со по дури 40 забрани за управување возило
-

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Андоновски ја почна посетата на САД со претставници на водечки институции од областа на кибербезбедноста
-

Клинтон се согласи да сведочи пред Конгресот во истрагата за Епстин
