Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата, екипи на ЕВН се на терен во селото Илино

Состојбата со снегот во државата полека се стабилизира. Според информациите од Центарот за управување со кризи, без електрична енергија се жителите на селото Илино во општина Демир Хисар, каде што екипи на ЕВН веќе работат на отстранување на дефектот, а патиштата што водат кон селата се чистат.
Во општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат и се очекува да бидат целосно исчистени во текот на денешниот ден. На регионалниот пат Крушево - Пуста Река ќе се интервенира во претпладневните часови. Овој патен правец, како што информира ЦУК, е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема.
Во општина Виница на повисоките населени места има појава на голомразица и се препорачува внимателно возење, а во општина Ранковце во Кумановскиот Регион во текот на денот треба да се работи на расчистување на патните правци кон селата Герман и Огут.
МИА
Ново на Сител
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
